Македонија

Мицкоски ги повика гласачите да не паѓаат во замката на ДУИ кои наметнуваат теми од минатото

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува предизборната кампања за локалните избори да се води околу реални проекти, но, како што вели, ДУИ наместо да зборува за иднината, „нѐ враќа 30 години наназад“ и наметнува теми од минатото. – Очекувам кампања со идеи, со планови за нови училишта, спортски сали, автопати… но очигледно, ДУИ […]

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува предизборната кампања за локалните избори да се води околу реални проекти, но, како што вели, ДУИ наместо да зборува за иднината, „нѐ враќа 30 години наназад“ и наметнува теми од минатото.

– Очекувам кампања со идеи, со планови за нови училишта, спортски сали, автопати… но очигледно, ДУИ заедно со дел од опозициските структури и блиските медиуми, се обидуваат да наметнат атмосфера во која гласачите, особено тие што не се Албанци, ќе се плашат за кого да гласаат. Целта им е – или да гласаат за ДУИ, или воопшто да не гласаат за Вреди. Сакаат да ги обесхрабрат поддржувачите на коалицијата Вреди, односно целта им е да ги натераат гласачите да си речет: „сите се исти, не гласаме“ – рече Мицкоски.

Тој предупреди дека ДУИ „игра на картата на кратко помнење“ и повика граѓаните да направат избор меѓу, како што рече, концептот кој повеќе од 20 години ја уништувал државата и концептот кој сака да гради иднина.

– Ќе паднеме ли во нивната замка и ќе коментираме теми од пред 20 години, или ќе зборуваме за нови спортски сали, нови автопати и училишта? Погледнете ги кандидатите што ги нуди ДУИ и кандидатите што ги нуди владината коалиција. Тие се виновни што голем дел од младите Албанци ја напуштија државата“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се осврна и на неодамнешната изјава на вицепремиерот Изет Меџити, дека војната во 2001 година била „разумна и праведна“.

– Не се согласувам со тоа. Не може да биде разумно од заседа да се убиваат македонски полицајци. Тоа се теми од минатото, затворени со Рамковниот договор. Нашиот фокус е иднината. Апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ, туку да носиме инвестиции и да го направиме ова место подобро за живеење. Политичарите што делеа во минатото – немаат иднина – изјави Мицкоски.

Тој изрази увереност дека владината коалиција ќе биде апсолутен победник на претстојните локални избори.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top