Македонија Бизнис

Сериозна модернизација на Македонски Железници – ќе има воз и до скопскиот аеродром

Инвестициите во инфраструктурата, особено во Железницата на Коридорот 10, остануваат сериозен предизвик на Владата, откако се стави потпис на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Според директорот на МЖ Инфраструктура, целосно ќе се обнови постојната траса на пругата за возовите да возат со брзина од 160 километри на час за патничкиот сообраќај. Ќе се […]

Инвестициите во инфраструктурата, особено во Железницата на Коридорот 10, остануваат сериозен предизвик на Владата, откако се стави потпис на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Според директорот на МЖ Инфраструктура, целосно ќе се обнови постојната траса на пругата за возовите да возат со брзина од 160 километри на час за патничкиот сообраќај. Ќе се изгради и нова пруга со два колосека. Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски кажа дека се очекува изградбата да започне за девет месеци, а рокот за изградба ќе биде пет години, по што Македонија же има два колосека брза железница.

  • Ќе се изврши комплетна обнова на постојната траса, со зголемување на брзината над 160 километри на час за патничкиот и до 120 километри на час за товарниот сообраќај. Изведувачот истовремено ќе ја проектира и ќе ја гради железничката линија. Прво ќе се гради новата траса, која ќе биде паралелна со постојната, а потоа ќе се реконструира веќе постоечката железничка линија од Табановце до Гевгелија. Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број, рече Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура.

Паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и железничката станица во Скопје. Предвидено е и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје, односно Изведувачот во исто време да проектира и да гради. Од есенва Ивановски најави и реконструкција на железничката пруга од Драчево до Илинден и од Зелениково до Скопје за решвање на актуелниот проблем кој граѓаните го имаат со железничкиот сообраќај.

  • Со градежните работи ќе биде опфатена и пругата со која ќе се поврзе железничката станица во Скопје со аеродромот во Петровец. Наесен ќе започне целосна реконструкција на делот од железничката пруга од Драчево до Илинден, како и делот од Зелениково до Скопје, кој ќе биде дел од градскиот воз, додава Ивановски.

Со модернизацијата на железничкиот сообраќај, земјава ќе се бетонира како најдобриот, најбрзиот и најисплатливиот железнички сообраќај од грчките пристаништа до европските дестинации. Целата инвестиција се очекува да трае околу 5 години. Инаку, во земјава Коридорот 10 се одвива по течението на Вардар долж 230 километри. Моменталната пруга е со еден колосек и пуштена е во 1873 година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Мицкоски: Целосно е реновирана Травматологија во старата градска болница, здравството ќе биде еден од врвните приоритети на Владата!

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за травматологија во старата Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница.

Вчера Македонија под удар на исклучително силни оркански ветрови: Во Штип со брзина до 134 километри на час!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, вчера на 21 јули 2026 регистрираше исклучително силни удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Над 82.000 реакции за реформата на европските правила за тутунски производи

Повеќе од 82.000 одговори од 138 земји беа доставени во јавната консултација на Европската комисија за ревизија на Директивата за тутунски производи, што ја потврдува чувствителноста и значењето на ова прашање за граѓаните, експертите, бизнис-заедницата и организациите кои работат во областа на јавното здравје и регулативата

Оценка на Рокас дека Македонија покажува капацитет за реформи: На државата се гледа како на идна членка на ЕУ!

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михалис Рокас, денеска порача дека „ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на С.Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата“.

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Најнови вести

To top