Македонија

Меџити од Чаир: Времето на младите дојде

Првиот заменик-премиер на Владата, Изет Меџити, на средба со младите од Чаир одржа мотивациски говор во кој нагласи дека промената доаѓа само кога младите имаат храброст да ги пробијат границите поставени од старата власт. Вистинскиот свет започнува тогаш кога се осмелуваш да излезеш од вообичаениот пат и да почувствуваш дека сè е можно“, изјави Меџити, […]

Првиот заменик-премиер на Владата, Изет Меџити, на средба со младите од Чаир одржа мотивациски говор во кој нагласи дека промената доаѓа само кога младите имаат храброст да ги пробијат границите поставени од старата власт.

Вистинскиот свет започнува тогаш кога се осмелуваш да излезеш од вообичаениот пат и да почувствуваш дека сè е можно“, изјави Меџити, потсетувајќи се на своите почетоци од тесните улички на Чаир и работата во Старата скопска чаршија. Тој истакна дека досегашната власт ги затворила вратите на можностите за младите, но дека дошло време тие да се отворат.

„Мојата цел не е да влеземе во стариот систем и да се сместиме за себе, туку да ја смениме оваа практика и да им го отвориме патот на младите“, изјави Меџити, повикувајќи ги младите да не бидат само гледачи на сегашноста, туку креатори на иднината.

Тој го заврши својот говор со директен повик: „Вашето време дојде. Да почнеме. Да победиме. Оваа земја е ваша и вие треба да ја водите.“

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

To top