Македонија

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која политичка партија, доаѓа дали е тоа од ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа од коалицијата ВРЕДИ од политичката партија ЗНАМ или некој којшто во минатото несовесно работел за што се констатирани големи криминали, изјави денеска премиерот Христијан […]

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која политичка партија, доаѓа дали е тоа од ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа од коалицијата ВРЕДИ од политичката партија ЗНАМ или некој којшто во минатото несовесно работел за што се констатирани големи криминали, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Дел од тие, каде што се констатирани големи криминали, во минатото што подигруваа во канцелариите фудбалчиња, баскети итн, за жал се во бегство и не можат да одговараат пред соодветните органи но се надевам дека ќе дојде и тој ден кога тие ќе одговараат. Но, има и голем дел од тие функционери за кои во минатото постои основано сомнение дека сториле голем криминал, купувале трговски центри, го збогатувале својот возен парк со Мајбах автомобили, креирале компании кои преку ноќ станале милионери и можам да редам безброј такви случаи – рече Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на ЈЗУ Клиниката за урологија.

Оваа Влада, додаде премиерот, „е Влада која што носи правда за сите граѓани во Македонија, така ќе постапуваме за секој оној за којшто во минатото има основано сомневање дека сторил криминал или несовесно работел во службата, така и сега, без разлика од која политичка партија доаѓа“.

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија ство, и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top