Македонија

Над 1400 прекршоци во сообраќајот за два дена

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 20 возачи возеле под дејство на алкохол […]

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем, информираат од МВР.

-Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  најмногу прекршоци – 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 заради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, се вели во соопштението од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top