Македонија

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Сообраќајот на патниот правец Тетово – Јажинце е целосно нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Тетово – Јажинце е целосно нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Претходно, делницата беше затворена за сообраќај поради пожар во близина на селото Рогачево, што предизвика сериозни проблеми за возачите и патниците кои се движеа кон граничниот премин.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека патот кон ГП Јажинце е повторно прооден, но ги повикуваат граѓаните на внимателно возење и почитување на упатствата на службите.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот под контрола.

Големиот пожар што избувна во Јажинце е ставен под контрола благодарение на навремената координација и брзата реакција на сите надлежни служби.

„Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните. Оваа успешна акција уште еднаш ја потврди важноста на брзата и ефикасна координација, како и меѓусебната соработка меѓу различните институции при справување со кризни ситуации – рече директорот Али.

АМСМ известува и дека поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје останува затворен за сите возила.

Иако состојбата на државните патишта е стабилна и коловозите се суви, интензитетот на сообраќајот е зголемен поради летните одмори. На ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top