Македонија Бизнис

Живејачката поскапа за 1.200 денари, цените тивко растат – граѓаните бесни

Живејачката поскапа за само еден месец. Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос […]

Живејачката поскапа за само еден месец. Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува 79.283 денари.

Трошоците за храна и пијалоци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22.434,00 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со април. Од ресорот економија неодамна соопштија дека наскоро ќе ја дадат на увид кошничката, а до крајот на месецов очекуваат да биде верификувана во рамки на Економско социјалниот совет. Она што се знае сега дека повеќе нема да се нарекува минимална туку просечна.

Во новата потрошувачка кошница нема да има цигари, алкохол и несезонско овошје, но ќе има домашно овошје, зеленчук и други сезонски земјоделски производи. Одмор во странство и купување нов автомобил, исто така не се планираат во пресметката на владината потрошувачка кошничка. Методологијата за утврдување на пресметката на цените ќе се базира на податоците на Пазарниот инспекторат и Државниот завод за статистика.

ССМ ја пресметува синдикалната минимална кошничка од 2011 година и вредноста на истата има за цел да им покаже на креаторите на политиките дека платите се ниски и мора континуирано да се зголемуваат.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Оценка на Рокас дека Македонија покажува капацитет за реформи: На државата се гледа како на идна членка на ЕУ!

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михалис Рокас, денеска порача дека „ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на С.Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата“.

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Претседателките на Македонија и Индија на свечено откривање спомен биста на Махатма Ганди

Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија

Повеќе пари за земјоделците, за учениците и студентите, за здравствената заштита, спортот

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување

To top