Македонија

Македонија се попосакувана туристичка дестинација, зголемен бројот на туристи во првото полугодие

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 година, соопшти премиерот Мицкоски. […]

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 година, соопшти премиерот Мицкоски.

Во истиот период од 2025 година имаме за 8,5% повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.

-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20% годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, порача Премиерот Христијан Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова за МИА: Нема друга евроинтеграција во која опозицијата не била на иста линија за националните интереси

Не постои евроинтеграциски процес во којшто сите граѓани во една држава, без оглед на етничка, верска, односно партиска припадност, не зборувале во еден глас кога се однесувало на националните интереси

To top