Македонија

Регистрирани нови 30 илјади корисници за националниот портал за услуги

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30.000 корисници на националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Како што наведува Андоновски на својот фејсбук профил, на порталот се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат 7.978 барања за услуги. „Во август ја поминавме бројката од 180.000 корисници, со […]

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30.000 корисници на националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Како што наведува Андоновски на својот фејсбук профил, на порталот се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат 7.978 барања за услуги.

„Во август ја поминавме бројката од 180.000 корисници, со 180.143 регистрирани корисници на порталот. Вкупно 201 електронска услуга се достапни на порталот, а месечно се поднесуваат 7.978 барања за услуги“, информира министерот.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top