Бизнис

Над еден милион Бугари воопшто не бараат работа

Секој четврти работоспособен бугарски граѓанин на возраст меѓу 15 и 64 години не е активен на пазарот на трудот

Над 1 милион луѓе во Бугарија на возраст меѓу 15 и 64 години воопшто не бараат работа, според податоците на Националниот статистички институтт (НСИ) за вториот квартал од годината. Од нив, 456,1 илјади се мажи, а 585,9 илјади се жени.

Над 26 проценти од луѓето во земјата на возраст меѓу 15 и 64 години не бараат работа. Од нив, нешто над 43 проценти се неактивни на пазарот на трудот бидејќи сè уште студираат. Но, останатите ниту работат ниту студираат. Околу 15,5 илјади луѓе се обесхрабрени и не бараат активно работа бидејќи не веруваат дека ќе најдат. Но, уделот на луѓе кои, едноставно, не работат е огромен.

Одделно, над 110 илјади луѓе се официјално невработени. Луѓето со подобро образование полесно наоѓаат работа. Од сите невработени, само 13,4 отсто имаат високо образование, 52,2 отсто имаат средно образование, а 34,4 отсто имаат основно или пониско образование, според податоците на НСИ.

Генерално, невработеноста во земјата е 3,6 проценти, но според нивото на образование.

Секторот за услуги вработува 1,974 милиони луѓе, или 67,3 проценти од работната сила, индустријата вработува 804,3 илјади (27,4 отсто), а земјоделството, шумарството и рибарството вработуваат 155,6 илјади (5,3 отсто).

Најнови вести од: Бизнис

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Двоцифрената стапка на раст е резултат на континуираното унапредување на портфолиото, инвестициите во иновации, модернизацијата на производствените капацитети, како и зајакнувањето на односите со партнерите и пациентите

Инфлацијата скокна на 4,9% во пресрет на празниците

Од храната најмногу на удар е овошјето. Цените тука се зголемиле за 12, 7 отсто, кај  млекото и јајцата за над 8 проценти. Поскапување од 7 отсто се забележува и кај маслото и мастите и кај житата и житните производи . Во оваа категорија влегува лебот.

Советот на странски инвеститори ги поздравува владините напори за решавање на проблемот на транспортерите

Советот на странски инвеститори информира дека внимателно ја следи ситуацијата и нагласува колку е значаен овој проблем, кој има директно влијание врз функционирањето на компаниите.

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

Најнови вести

To top