Хроника

Албанец од Македонија притворен во Бугарија за 98,5 илјади лажни евра

Фалсификуваните банкноти на 19-годишниот Дарлишта му биле откриени во поставата од јакната на граничен премин со Турција

Окружниот суд во Хасково му определи мерка притвор на 19-годишниот Хамза Дарлишта, македонски државјанин од албанско етничко потекло, обвинет за обид да пренесе лажни банкноти со вкупна вредност од 98,5 илјади евра преку граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница.

На 19 октомври цариниците во поставата на јакната на Дарлишта откриле 300 банкноти со номинална вредност од по 200 евра и уште 385 по 100 евра.

Според Судот, нема опасност тој да го повтори делото, но процениле дека постои ризик да се сокрие поради тежината на обвинението, странското државјанство и отсуството на траен престој и постојана адреса во Бугарија.

Жалба на одлуката на Окружниот суд во Хасково може да биде вложена пред Апелацискиот суд во Пловдив.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top