Македонија Бизнис

Тешко се преживува во изнајмен стан, оти потребни се 80.000 денари месечно

Трошоците за живот како да се ставени на брза лента. Нема ден, а да нема нешто поскапено. Па така, само во мај синдикалната кошница достигна речиси 64.000 денари, со најголемо зголемување кај храната и пијалаците. Е сега, ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се покачуваат на безмалку 80.000 денари, пари што добар дел […]

Трошоците за живот како да се ставени на брза лента. Нема ден, а да нема нешто поскапено. Па така, само во мај синдикалната кошница достигна речиси 64.000 денари, со најголемо зголемување кај храната и пијалаците. Е сега, ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се покачуваат на безмалку 80.000 денари, пари што добар дел од граѓаните можат само да ги сонуваат.

Живејачката кај нас продолжува да расте, велат и последните пресметки на Сојузот на синдикати. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за едно четиричлено семејство во мај изнесува 63.908 денари, што е зголемување од 1.217 денари во однос на април. Најголемо зголемување има кај храната и пијалаците – речиси 1.000 денари повеќе во споредба со минатиот месец. Но тука не влегуваат други трошоци, па ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се уште повисоки и достигнуваат 79.283 денари.

  • Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а особено основните прехранбени производи прават огромен притисок врз ниските плати на работниците. Јасно е дека се потребни зголемувања на платите“, порачуваат од ССМ.

Синдикатот бара зголемување на минималната плата на 30.000 денари и на останатите плати за најмалку 1.000 денари. Но, Владата досега не одговорила на овие барања. Позицијата на извршната власт е дека зголемувањата треба да произлезат од дијалог меѓу синдикатите и работодавачите.

Паралелно со синдикалните барања, Владата најавува креирање на „нова, просечна потрошувачка кошничка“, која треба да ги прикаже трошоците на тричлено наместо на четиричлено семејство и ќе се споредува со просечната плата во земјава. Мерката е дел од владината кампања „Се грижиме“ и треба да служи како индикатор за реалната куповна моќ на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека новата методологија ќе биде пообјективна и ќе се базира врз официјални податоци од Државниот завод за статистика.

ССМ жестоко ја критикуваше оваа најава, предупредувајќи дека Владата сака да ја „редизајнира реалноста“ со нова кошничка која ќе прикаже пониски трошоци за живот, наместо да се справи со растечката сиромаштија и ниските плати. ССМ критикува за игнорирање на социјалниот дијалог, а Владата возврати дека синдикатите делуваат со политички мотиви. Според Владата, преговори со синдикатите не се исклучени, но тие би се воделе во рамките на економско-социјалниот совет, со вклученост на газдите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

To top