Македонија Бизнис

Алта банка најавува понуда за преземање на 100 отсто од акциите Стопанска банка АД Битола

Српската Алта банка најавува дека има намера да даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола.  Банката добила официјално известување од белградската компанија Алта Гроуп ДОО за намера да даде понуда за преземање на до 100% од обичните акции со право на глас издадени од банката, а за секоја акција има намера да понуди цена […]

Српската Алта банка најавува дека има намера да даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола.  Банката добила официјално известување од белградската компанија Алта Гроуп ДОО за намера да даде понуда за преземање на до 100% од обичните акции со право на глас издадени од банката, а за секоја акција има намера да понуди цена од 3.777 денари за акција.

„Известуваме дека Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола на ден 20.5.2025 година, согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва доби известување од Алта Гроуп ДОО Београд  дека има намера да даде понуда за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.

Понудата за преземање до 100 отсто од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција“, се вели во објавата испратена до Македонска Берза.

Со оглед што Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции, доколку сите акционери ја прифатат понудата, значи дека српската Алта банка би требало да плати 24,01 милиони евра за Стопанска банка Битола.

„Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од  Народната банка на Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение). Во известувањето стои дека ќе биде поднесено и барање за добивање на дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност, по добивање на Странското одобрение, а секако по добивање на согласностите од домашните тела и институции. Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање. Во однос на Странското одобрение, доколку надлежната институција за давање на Странското одобрение отфрли или одбие издавање на соодветно Странско одобрение, или не го издаде во рок од 12 месеци од објавата на намерата за преземање, Алта Гроуп ДОО Београд ќе извести соодветно согласно член 26-а, став 6 од Законот за преземање на акционерски друштва“, се вели во објавата од Стопанска банка Битола.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

To top