Македонија

Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Во спротивно ќе бидат преземени соодветни правни чекори и ќе биде поднесена тужба поради клевета и нарушување на углед

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ реагира на изјавата на Сашко Кедев дека некои болници работеле за пари и оперирале без потреба.

Болницата најавува тужба ако Кедев не се извини.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Благодарение на овој пристап, во нашата болница секоја година се регистрираат над 20.000 нови пациенти кои ни укажуваат доверба,  пишува во реакцијата на Аџибадем Систина.

,,Одлуките за третман и интервенции се носат исклучиво со мултидисциплинарен пристап, базиран на медицински индикации и највисоки етички стандарди, а веќе 10 години болницата е акредитирана и работи по највисоките ЈCI стандарди за безбедност и квалитет.

Во изминатите 25 години, болницата никогаш не извршила хируршка интервенција без јасна медицинска индикација. Нашиот приоритет отсекогаш бил и ќе остане – здравјето и безбедноста на пациентите.

По повод изјавите на проф. д-р Сашко Кедев изнесени во емисијата „На врв на светот“ на Канал 77, во која се споменува од страната на новинарот името на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, остро ја осудуваме содржината и пораката на ваквиот јавен настап.

Овие тврдења се неосновани, го нарушуваат угледот на нашата реномирана установа и на нашите доктори, и непотребно внесуваат страв кај постоечките и идните пациенти.

Ја уверуваме јавноста дека наводите за наводни непотребни хируршки интервенции во една приватна болница, наводно врз основа на профит, се целосно неточни и не може да се однесуваат на „Аџибадем Систина“, затоа што нема основа.

Бидејќи во изјавата, д-р Кедев, посочува една приватна болница, притоа не споменувајќи за која станува збор, бараме точно да се изјасни за која приватна болница се однесува неговата изјава. Во спротивно ќе преземеме соодветни правни чекори и ќе поднесеме тужба поради клевета и нарушување на углед.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и понатаму ќе остане посветена на врвната здравствена грижа, транспарентност и интегритет, секогаш водејќи се за најдоброто за пациентите”, стои во реакцијата на Аџибадем Систина.

Најнови вести од: Македонија

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top