Македонија

ФЗО: Нема пријави за непотребни медицински интервенции во последните четири години

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не се регистрирани поплаки за изведување на непотребни медицински интервенции

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не се регистрирани поплаки за изведување на непотребни медицински интервенции. По сопствена иницијатива, ФЗО извршил девет контроли во врска со приватно наплатени средства, реагирајќи на обвинувањата во јавноста дека во приватните болници се вршат непотребни операции заради профит.

„ФЗО ја нагласува важноста од почитување на професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина базирана на докази, кои се основа на здравствениот систем. Во рамките на своите надлежности, Фондот редовно спроведува контроли за исполнување на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, осигурувајќи дека здравствените услуги се во согласност со законските прописи и склучените договори. Редовни годишни проверки се вршат во сите установи, а ФЗО постапува и по пријави од пациенти или по сопствен наод“, истакнуваат од Фондот.

Од ФЗО појаснуваат дека не поседуваат законска надлежност да ја оценуваат медицинската оправданост на извршените интервенции, ниту да вршат инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи. Овие надлежности, како што велат, се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјализирани комисии формирани од страна на министерот за здравство.

„ФЗО ќе продолжи да работи во рамките на своите овластувања за да спречи евентуални неправилности во користењето на финансиските средства. Апелираме до сите чинители во здравствениот систем и до јавноста за одговорна и факти-базирана комуникација, со цел да се зачува довербата во здравствениот систем и да се избегнат генерализации што можат да предизвикаат сензационализам“, додаваат од Фондот.

Најнови вести од: Македонија

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натпревар за најдобро произведени ракии организира здружението „Ж’та – Македонски ракијари“

Тиквешијата е колевка на врвната ракија – порача Арсовски, истакнувајќи дека од година во година, расте, бројот на учесници на натпреварот, но и квалитетот на доставените мостри

Најнови вести

To top