Македонија

Николоски: Постојните мобилни оператори не направија ништо да ги намалат цените

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешното отворање на понудите за тендерот за нов мобилен оператор, на кој единствен учесник беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е клучна за пазарот и дека очекува намалување на цените за услугите во мобилната телефонија.

facebook.com/NikoloskiA

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешното отворање на понудите за тендерот за нов мобилен оператор, на кој единствен учесник беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е клучна за пазарот и дека очекува намалување на цените за услугите во мобилната телефонија.

–Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор  во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, рече Николоски, на новинарско прашање пред денешниот состанок со раководството на Стопанската комора.

Според Николоски, процесот на избор на нов оператор го води Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како независна постапка, а конечните одлуки ќе бидат донесени по завршувањето на локалните избори.

– Драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е  јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра. Од АЕК кажаа дека имаат одредени ограничувања поврзи со изборите, но изборите ќе завршат за два месеца, процедурата ќе си продолжи. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата, изјави Николоски.

Компанијата „ОНЕ Македонија телекомуникации“, во сопственост на унгарската „Фор-ај-џи“, поднесе понуда за добивање лиценца за нов мрежен оператор. Уште во декември 2024 година, компанијата достави документација до АЕК, покажувајќи интерес да стане трет мобилен оператор на македонскиот пазар. На денешната седница, комисијата на АЕК потврди дека сите потребни документи се доставени и дека следи фаза на евалуација, по што ќе биде изготвен извештај за конечна одлука од директорот на агенцијата.

– Три заинтересирани  страни подигнаа тендерска документација, но официјално доставена е само  понуда од еден понудувач. Сите документи од понудувачот се доставени. Ќе се продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај  до директорот на АЕК, со предлог што да се направи како следен чекор. Бидејќи има само еден понудувач нема да се оди со чекорот  јавно наддавање.  Тука би требало да заврши процесот и доколку е се во ред би требало да се донесе позитивна одлука за влез на пазарот, рече Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата на АЕК.

Согласно условите на тендерот, новиот оператор се очекува да започне со работа до крајот на 2026 година. Според податоците за првиот квартал на 2025 година, во Македонија има 1.941.996 активни корисници на мобилна телефонија. Од нив, А1 Македонија држи пазарен удел од 47,69%, а Македонски Телеком 46,66%. Виртуелниот оператор М-ТЕЛ, кој влезе на пазарот во октомври 2022 година, има удел од 3,38%, додека Телекабел учествува со 1,34%, Мтелмобајл со 0,38% и Греен мобиле со 0,10%.

Во однос на приходите од мобилни услуги на малопродажно ниво за првите три месеци од 2025 година, Македонски Телеком оствари удел од 49,77%, додека А1 Македонија има 47,71%.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top