Свет

Норвешка ќе донира ПВО системи на Украина вредни 700 милиони долари

Норвешка и Германија тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во напорите да се одбрани од руските воздушни напади

 

Владата на Норвешка денеска објави дека ќе донира системи за воздушна одбрана на Украина вредни приближно 7 милијарди норвешки круни односно 696,12 милиони долари, јави Ројтерс.

„Заедно со Германија, сега осигуруваме дека Украина ќе добие моќни системи за воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади, нагласи тој.

Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи „Патриот“ во Киев, како и ракети за нив.

Норвешка учествува во испораката на радар за воздушна одбрана произведен од германската компанија „Хенсолт“, како и системи за воздушна одбрана од компанијата „Кенгсберг“.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top