Спорт

Словачките ракометари поблиску до мундијалски бараж со Македонија

Словачка славеше со 27:24 во првиот натпревар со Украина на неутрален терен во Германија, реваншот е в недела

Словачка ја победи Украина со 27:24 како гостин во првиот натпревар од разигрувањето за пласман на 30. Светско првенство 2027 во Германија, правејќи исчекор кон финален бараж-двомеч со Македонија.

Дека се дојдени по победа во германски Бенсхајм, Словаците покажаа уште во првото полувреме, кое го добија со 16:11.

Крилото Јурај Бријатка со 7 гола од 11 обиди беше најефикасен во победничката екипа, а Игор Турченко со 11/20 во поразениот тим и на средбата.

Реваншот е в недела од 13 часот во Поважска Бистрица, по кој севкупниот победник ќе им излезе на мегдан на избраниците на Кирил Лазаров на 13/14 и 16/17 мај.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top