Македонија

Светна телекомуникациската кула на Водно

Скопје добива нова туристича атракција, а скопјани од пред неколкудена и уникатен поглед на планината Водно во вечерните и ноќни часови

Во објектот е предвиден ресторан кој ќе се ротира 360 степени за време од еден час, овозможувајќи им на посетителите панорамски поглед кон целиот град и поширокиот регион, објави 4NEWS.mk

Кулата е висока 155 метри, што ја прави околу два и пол пати повисока од Милениумскиот крст во чија непосредна близина се гради.

Изградбата почна во 2013 година, а според проектол тоа е „посебен антенски систем за контрола на радиофреквенции“.

Телекомуникациската кула на Водно во завршна фаза

Најнови вести од: Македонија

Политиката мора да ги тргне рацете од образованието, реагира министерката Јаневска

Многу години наназад образованието било поле каде што се судрувале политички копја, но откога јас сум министер постојано повторувам и јасно дадов на знаење дека политиката мора да ги тргне рацете од образованието, затоа што, не е тоа флоскула туку реалност – образованието е еден од најсилните столбови на државата и е потребно во сите ресори, рече Јаневска.

(Видео): Нема повеќе листи на чекање – сè се сработува во предвидениот рок, рече Андоновска

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со […]

Голем метеж и чекање на граница, само на „Богородица“ се чека околу еден час

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

To top