Бизнис

Ново Zen искуство во Белград – свечено отворен ресторанот ZEN by SushiCo

Белград доби нова гастрономска оаза!

Белград доби нова гастрономска оаза! На вториот кат одТЦ Галерија, во импресивен ентериер и со најубав погледкон градот, ZEN by SushiCo во средата свечено ги отворисвоите врати. Ресторан кој ветува искуство што ги спојувавкусот, мирот и естетиката во совршен баланс.

Со инвестиција вредна 1 милион евра, новиот Zen by SushiCo претставува заеднички проект на рестораните „SushiCo Македонија“ и „SushiCo Турција“, поставувајќинов стандард во гастрономското искуство. Локалот сепростира во најголемиот трговски центар Галерија наимпресивни 550 m², со капацитет од 180 гости, создаденсо посебно внимание кон деталите од страна намакедонските архитекти Роберт Џонески, Горан Спироскии Светлана Данилова.

Zen by SushiCo е совршена комбинација на модерендизајн, автентична јапонска естетика и врвна кулинарскауметност. Ресторанот е едиснтвен во Србија со Teppanyaki мени и врвна мешана азиска храна.

ZEN by SushiCo е замислен како место каде секој детаљима своја приказна. Ентериерот е уреден во смирени, природни тонови, со елементи од дрво и автентичниазиски мотиви, создавајќи топла, елегантна иинспиративна атмосфера. Терасата со панорамски погледкон реката Сава ја прави локацијата уште попривлечна –совршен избор и за деловен ручек, и за вечера исполнетасо стил.

Голем број гости, меѓу кои и познати личности одбелградската џет–сет сцена, уживаа во отворањето кое гоодбележа софистицираниот амбиент, вкусната азискахрана и енергичниот DJ сет на Peppe.

Овој реномиран бренд, познат по јапонската кулинарскатрадиција и иновативниот гастрономски пристап, нудибогато мени составено од внимателно одбрани јадења, како и ексклузивна винска и коктел листа која ќе гивоодушеви и најпребирливите љубители на гурманскиискуства. Менито опфаќа јадења од јапонската, кинеската, тајландската и корејската кујна, подготвени совисококвалитетни состојки, многу од кои пристигнуваатдиректно од Азија.

Глобален бренд со локален шарм

Со повеќе од 90 ресторани ширум светот, SushiCo веќеповеќе од три децении ја раскажува својата приказна завкус, традиција и иновација.

Отворањето на ZEN by SushiCo во Белград претставуваново поглавје во таа приказна – место каде вкусот станувауметност, а атмосферата – вистински Zen момент. Ова епрвиот ресторан на овој меѓународен ланец во Србија, сошто Белград се приклучува на светската мапа на SushiCo дестинации.


Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Најнови вести

To top