Македонија

Меџити: Одвоени 5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак

Министерството за животна средина и просторно планирање денес започна со активности за чистење на дивата депонија во Никуштак, општина Липково.

facebook.com/MOEPPMKD

Министерството за животна средина и просторно планирање денес започна со активности за чистење на дивата депонија во Никуштак, општина Липково.

Оваа локација, означена како една од најкритичните во Националниот план за управување со отпад, создава значителни ризици за здравјето на луѓето и околината, влијаејќи не само на жителите на Липково, туку и на околните општини. Постојаните пожари и загадувањето предизвикуваат сериозна загриженост кај локалното население.

За реализација на проектот, од Буџетот за 2025 година се издвоени приближно 5 милиони денари, заедно со соодветна механизација за безбедно отстранување на отпадот. По завршувањето на подготовките, денес официјално започнаа теренските работи.

Министерот Меџити истакна дека оваа иницијатива е клучна за заштита на јавното здравје и унапредување на условите за живот во Липково и регионот. Тој потенцираше дека одложувањето повеќе не е опција и дека институциите мора да преземат брзи и конкретни мерки.

Овој проект е значаен чекор кон подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните во Липково и поширокиот регион.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top