Одлуката на Доналд Трамп да договори итен увоз на руски дизел во САД со Владимир Путин претставува драматичен политички пресврт; сепак, грандиозните тврдења за намалување на цените на горивото се побиени од едноставна математика: количините за кои зборува Трамп се само капка во морето, објави „Индекс.хр“ пренесувајќи анализа на Би-Би-Си.
Трамп триумфално објави дека обезбедил договор Москва веднаш да испорача над 300.000 тони дизел-гориво за да го олесни товарот врз американските возачи и земјоделци.
Трамп се договори со Путин: Русија веднаш ќе „пушти“ дизел за САД и за глобалниот пазар!
Сепак, САД дневно трошат приближно 3,6 милиони барели дизел. Тоа значи дека целата почетна пратка ветена од рускиот диктатор би ги задоволила потребите на американскиот пазар за едвај половина ден, забележува Би-Би-Си.
Вистинската причина поради која Трамп – кој пред три недели потпишуваше нови санкции против земјите што купуваат руски енергенси – сега брза кај Путин по гориво, лежи во паниката поврзана со изборите.
Гласачите излегуваат на гласање за изборите за Конгресот за помалку од еден месец, а цените на горивото на бензинските пумпи вртоглаво растат уште од избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.
Влијанието најсилно се чувствува во традиционалните земјоделски држави како Ајова, Канзас, Тексас и Охајо, каде што земјоделската механизација и товарниот транспорт трошат огромни количества дизел. Токму овие држави – клучни упоришта на Републиканците – преку ноќ се претворија во неизвесни политички боишта што би можеле да го чинат Трамп мнозинството во Конгресот., оценува, меѓу другото, Би-Би-Си.