Македонија Бизнис

(Видео): Откако се намали бројот на сточари, оди ли македонското земјоделство во добра насока?!

Си ја сечеме ли гранката на којашто седиме, или ќе има застанување на здрави нозе, кога е во прашање земјоделството во Македонија, кое се помалку има млад кадар, односно млади земјоделци кои сакаат на работат на нива. Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. […]

Си ја сечеме ли гранката на којашто седиме, или ќе има застанување на здрави нозе, кога е во прашање земјоделството во Македонија, кое се помалку има млад кадар, односно млади земјоделци кои сакаат на работат на нива. Бележиме сериозен раст во делот на споредбата со првиот квартал за 2024 и првиот квартал за 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика во сите сегменти на земјоделското производство имаме сериозен раст во делот на откупот и продажбата, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

  • Во делот на житата имаме раст од 42%, во делот на градинарското производство имаме 50%, овоштарство и лозарство 12%. Во делот на сточарството, добиток, живина, јајца, млеко и млечни производи бележиме раст од 9 до максимални 63%“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кај категоријата индустриски растенија, Државниот завод за статистика извади негативна референца бидејќи во ланскиот прв квартал беше спроведен откупот на тутун од реколтата 2023-тата година, за потсетување доцнеше откупот. Додека пак оваа година најголемата количина на тутун се откупи во последниот квартал од 2024 година и тука настанува таа разлика. Инаку кога веќе се говори за тутунот, де факто бројките говорат дека и тука има рекорди во делот на пласманот и девизниот прилив, се откупија над 24 милиони килограми, со што над 196 милиони евра се влезени кај тутунарите.

  • Денеска премиерот сподели една добра вест, а тоа е дека имаме раст приближно од 5% во делот на извозот, тоа е вкупниот раст во делот на земјоделскиот – прехранбен сектор. Ако ги издвоиме во делот на овошје и зеленчук тогаш тука имаме раст од 14% во споредба со минатиот квартал. Ако го земеме тутунот, тука имаме раст од 35%. Или поточно во бројки, ако во првиот квартал во 2024 година извозот изнесувал 152 милиони евра, оваа година тој извоз изнесува 163 милиони евра. Значи имаме раст од 11 милиони евра“, заклучи министерот.

Тој посочи дека ова се бројки за првиот квартал. Министерот очекува до крајот на годината да има од 45 до 50 милиони евра разлика во позитива во однос на минатата година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top