Македонија

Вреди бара Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи и МНР за финансиски злоупотреби

„Некоја структура во државата го штити Бујар Османи, а тоа значи само едно: дека тој е должен некаде, но тоа тоа не се Албанците, или граѓаните на Чаир.“ – нагласува коалицијата Вреди.

„Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки.“- реагира коалицијата Вреди во своето соопштение..

Натаму Вреди истакнува: Ревизорите утврдија дека повеќе од 120 милиони денари, или околу 2 милиона евра, се потрошени за организација на самитот на ОБСЕ во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаната стока и извршените услуги и без трајна опрема, која требаше да остане во државна сопственост. Тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.

Сѐ ова потсетува на времето кога Бујар Османи беше министер за здравство и кога, исто така, доби негативен извештај од Државниот завод за ревизија со забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати. И тогаш наместо одговорност судството го амнестираше. Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик. – смета Вреди.

Денес гледаме повторување на истиот шаблон: судството и обвинителството повторно молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Но за Бујар Османи, изгледа важат други правила. Очигледно е дека е под нечија заштита, а тоа значи само едно: дека е должен некаде, а тоа не се Албанците, или граѓаните на Чаир. – нагласуваат од Вреди.

Јавното обвинителството има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија. Ако не се направи тоа, ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби. – наведува коалицијата Вреди во своето денешно соопштение.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top