Македонија

СДСМ тврди дека кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите на СДСМ имале серија прес конференции

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија истакна дека по сите големи ветувања на изборите во 2024 година и после 4 години локална власт има огромни разочарувања кај граѓаните, особено за нереализираните ветувања и економијата.

 

,,Со ВМРО-ДПМНЕ има катастрофални економски параметри, платите стагнираат, додека во регионот растат, и БиХ не претрка со минимална плата од 511 евра. Регионот оди нагоре ние стагнираме, а како што растат цените како што растат трошоците за живот така паралелно мора да растат и платите, а сега ние имаме очајни плати а имаме европски цени нашата минимална плата е скоро една третина од европската плата, тоа е навистина е недозволиво”, рече Лукаревска.

 

Лукаревска потсети дека власта ги одби сите предлози на СДСМ за подобрување на животниот стандард, за зголемување на платите, за намалување на на ДДВ за електрична енергија и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, не го применува законот за нефер трговски практики.

 

Таа додаде дека СДСМ изнесува алармантни состојби за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво, како и бројни скандали.

 

,,Ние како опозиција секојдневно, еве изминатите два дена имавме серија на прес конференции од наши кандидати за градоначалници, во конкретни општини со цел да се разобличи она што значи локално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и секако нивните градоначалници кои не ги исполнија ветувањата”, рече Лукаревска.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top