Македонија

Кој кого ,,фарба” за милионски суми на самитот на ОБСЕ ВО Скопје кога Османи беше министер

Само за боење на вентилациони канали во црвена боја биле потрошени 130.000 денари

Само за боење на вентилационите канали во црвена боја во салата Борис Трајковски за самитот на ОБСЕ кога Бујар Османи беше министер а Македонија домаќин биле потрошени 130.000 денари. Во договорот има многу сомнителни активности со различни цени. Некои услуги биле извршени без да се утврди соодветната цена, туку со договор за „паушална сума“, објави Алсат М.

Според документот кој го обезбедил Алсат М, „Еуровиа“ била обврзана да изврши неколку услуги како работи поврзани со боење во различни делови од објектот. На пример, во договорот е наведено дека за фарбање ќе бидат платени 9,2 милиони денари или околу 150 илјади евра.

Во текстот на Алсат понатаму се дадени и останатите сомнителни ставки.

За демонтажа, реновирање и чистење на внатрешноста на објектот, според договорот, се предвидени 2,5 милиони денари. Над 1,3 милиони денари се платени за механичко чистење на надворешниот простор на ВИП влезот на салата „Борис Трајковски“ каде што се одржа самитот. За демонтажа и поставување на спортскиот под во зона 2.18 биле платени 166 илјади денари, додека за демонтажа и поставување на шанкот во истата зона биле платени 462.500 денари.

За машинско чистење на постоечки под со керамички плочки, линолеум, и друго се платени 5.000 денари по квадратен метар или вкупно 250 илјади денари. За 96.000 денари била расчистена и обележана површината каде што е планирано проширување на паркингот. За демонтажа на штандот за прес-конференцијаи, екраните, металните држачи и слично, биле планирани 150.000 денари.

Само за боење на вентилационите канали во црвена боја биле потрошени 130.000 денари. Во договорот има многу такви активности со различни цени. Некои услуги биле извршени без да се утврди соодветната цена, туку со договор за „паушална сума“, пишува Алсат М.

Тендерската постапка за спроведување на работите за адаптација на салата „Борис Трајковски“ беше спроведена преку Министерството за надворешни работи, додека најголемата корист ја имаше компанијата донатор на ДУИ, „Еуровиа“, која го доби тендерот вреден 1,8 милиони евра.

Како одговор на острите критики во јавноста поради поврзаноста на компанијата со ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори дека не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на партијата на која припаѓа.

 

Телевизијата Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година го потпишал со компанијата „Еуровиа“, за која се тврди дека е донатор на партијата ДУИ, за обезбедување услуги за време на Самитот на ОБСЕ во Скопјe.

„Врз основа на овој документ и во отсуство на извештај од договорениот субјект ‘Еуровиа’, кој некогаш се чинеше дека го финансира ДУИ, надлежна институција неофицијално покрена постапка“, се вели во текстот.

Објавата на документот доаѓа во време кога Државниот завод за ревизија утврди дека 2 милиони евра биле потрошени без документација за самитот и коалицијата Вреди поднесе пријава до Јавното обвинителство да постапи по извештајот на ДЗР.

Деновиве претходно, откако случајот беше пријавен во Јавното обвинителство, Османи ги нарече обвинувањата невистинити, тврдејќи дека правниот случај за оваа набавка е расчистен.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top