Македонија Бизнис

Бислимовски: Системот е стабилизиран, струја ќе има, проблем високиот напон

Системот е стабилизиран, струја ќе има, но проблем останува високиот напон поради преоптоварување на мрежата. Ова го изјави првиот човек на Регулаторната Комисија за енергетика, кој рече дека во Македонија како и повеќе европски земји прекинот на струја бил поради висок напон на европско ниво. Марко Бислимовски рече граѓаните да бидат спокојни, оти кај нас, […]

Системот е стабилизиран, струја ќе има, но проблем останува високиот напон поради преоптоварување на мрежата. Ова го изјави првиот човек на Регулаторната Комисија за енергетика, кој рече дека во Македонија како и повеќе европски земји прекинот на струја бил поради висок напон на европско ниво. Марко Бислимовски рече граѓаните да бидат спокојни, оти кај нас, ситуацијата се следи. Рече дека поскапување на струјата, барем за сега не се очекува.

Откако минатата недела делови од Македонија останаа без струја поради дефект на преносната мрежа од 110 киловолти, од МЕПСО нагласија, со нови инвестиции, но и соработка со соседните оператори, се прави сè за зголемување на сигурноста на мрежата, која во минатото била запоставена.

Во меѓувреме, Уставниот суд го олесни исклучувањето од системот на парно греење. Тоа е добра вест за оние кои сакаат веднаш да се исклучат, но лоша вест за останатите, отвора можност за поскапување на централното греење, додава Бислимовски.

Паралелно, вршителите на енергетски дејности од 29-ти мај до 30-ти јуни да поднесат барање за промена на лиценцата. Во моментов издадени се 8.800 лиценци, а за пробна работа околу 150. Со промената, во лиценците ќе се вметнат промените содржани во новиот Закон за енергетика.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Минатата седмица „Безбеден град“ снимил 4490 прекршоци, од кои за брзо возење биле 4297

Од 9.2.2026 до 15.2.2026 системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.490 прекршоци, што е за 10% помалку во споредба со првата седмица во февруари кога биле регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ВМРО ДПМНЕ: СДС, насочена кон пропаст, направи катастрофални грешки и штети во образованието, го решаваме и овој проблем

Наместо кон напредок СДС е партија, насочена кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, е и Законот за високо образование. Го донесоа во 2018 година, предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа. Промени се потребни, тоа е општата констатација на целата научна и академска фела во државата. Тим од над 60 академски професори, експерти и претставници на институции, органи и на студентите, изработија предлог законско решение, за кое во тек е јавна дебата. Ниту е конечно, ниту насилно ќе се истурка, како што СДС милува да паничи во јавноста, соопшти ВМРО ДПМНЕ.

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

Најнови вести

To top