Македонија Бизнис

Како домашните компании да бидат поконкурентни?!

Домашните компании подготвени чекаат голем дел од колачот за работа на проектите. Но, апелираат со законски измени да им се овозможат олеснителни услови за да бидат поконкурентни. Градежниот сектор очекува олеснителни околности при тендерските постапки за да им бидат конкурентни на странските компании во градење на инфраструктурните проекти. Имаат капацитет, но потребни им се искуства […]

Домашните компании подготвени чекаат голем дел од колачот за работа на проектите. Но, апелираат со законски измени да им се овозможат олеснителни услови за да бидат поконкурентни. Градежниот сектор очекува олеснителни околности при тендерските постапки за да им бидат конкурентни на странските компании во градење на инфраструктурните проекти. Имаат капацитет, но потребни им се искуства и знаења во делот на изградбата и реконструкцијата на пруги за МТВ, вели Андреа Серафимовски од Здружението на градежници.

Час поскоро да се искористи геостратешката положба и да се изгради делот од Коридорот 10 железничкиот сообраќај од Табановце до Гевгелија за да не останеме слепо црево, сугерираат економистите. Договорот со Обединетото Кралство ќе обезбеди брзи и евтини пари за капитални инвестиции кои ќе придонесат за зголемување на растот.

Имплементацијата на проектите ќе биде поддржана од високо ниво на експерти од Обединетото Кралство, кои ќе обезбедат квалитетна и навремена имплементација на проектите, додека од друга страна, ќе го зголемат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат ново знаење и искуство во земјата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој најави дека во изградбата на брзата железница, техничка поддршка ќе добие компанија од Велика Британија која го изгради најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.

  • При секоја посета на Лондон, многу зборувам за техничка поддршка, тоа е нешто многу важно, нешто што значи искуство и знаење, а за мене е подеднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата, разговараме за добивање техничка поддршка од најсилната компанија во Обединетото Кралство, а тоа е Кросреил.Тоа е компанијата што ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана линија на метрото во овој дел од светот, линијата на метрото „Елизабета“, која го носи името по кралицата Елизабета. Значи, зборуваме за таков вид експерти и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, па само овој проект е четири пати поскап од оној што го имаме како договор.Преговараме со тој профил на луѓе да дојдат и да ни помогнат, бидејќи таквата помош е двострана. Eдниот е краткорочен, бидејќи имате сигурна и висококвалитетна имплементација на проектот, а второ, обучувате персонал за иднината, рече Николоски.

Со првата транша треба да се обезбедат 2 милијарди евра. Еден од ризиците е работната сила.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Колку македонскиот работник е продуктивен дома и во странство?!

Ќе ја подгрее ли инфлацијата саканата минималната плата од 600 евра?! Ќе има ли повисоки цени во маркетите?! Економистите велат, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но доколку не е покрепено со зголемана продуктивност, тоа не може да помине без ефекти во економијата.

(Фото): Македонското вино во трка за квалитет – индустрија под притисок од дома и од светот

Дополнителен предизвик е структурата на самиот извоз. Историски, значаен дел од македонското вино се пласира поевтино како рефус или во цистерни, во т.н. „bulk“ модел. Тоа обезбедува обем и полесен пласман, но нема препознатливост и повисока додадена вредност. Преминот кон извоз на флаширано, брендирано вино е процес што трае и не зависи само од желбата на производителите, туку и од инвестиции, маркетинг, конзистентен квалитет и јасна национална приказна. Без тоа, земјата останува „позадински“ снабдувач, додека брендовите и маржите се создаваат на други адреси.

Азески: Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, не протестите!

„Дијалогот е клучен за решавање на проблемот со минималната плата.“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Запрашан за барањата за зголемување на минималната плата и поврзано со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и оти е затоа неопходен дијалог. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Стопанската комора на Македонија со поддршка на транспортерите кои чекаат решение

Во време кога од сателит ние можеме да снимаме човек и да му го снимаме телефонот. Ние не можеме да ги откриеме прекршителите на Царините. Тоа е невозможно. Но имаме ситуација, којашто навистина се брукаме и сликите, коишто ги гледат од Запад доволно зборуваат за нас дека не можеме да се организираме, како што треба. Затоа мислам дека денеска е време во кое што електрониката може да заврши се и техниката и високата технологијата и треба се што е бариера да се отстрани и да му се даде простор на бизнисот и на луѓето да немаат ограничување. Затоа што луѓето реагираат на било какво ограничување, изјави Азески.

To top