Македонија

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Третата фаза ќе биде од големо значење за нас како држава

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државава почнува активности за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе биде објавен тендер за градежните работи.

– Третата фаза ќе биде од големо значење за нас како држава. На тој начин ќе ја потврдиме нашата цел да бидеме крстосница на многу значајни паневропски коридори 8 и 10. Третата фаза е во процес на развивање, битно е дека сите пречки од минатото што се случуваа се надминати, постигната е согласност со нашиот источен сосед. Нашиот дел, би рекол со одлуката на Владата да се активира грантот што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ) значи дека и ние почнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување јавен повик за изградба на третата фаза, изјави Мицкоски, по увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Со тоа, дополни премиерот, практично ние ќе ја заокружиме целата делница која што е дел од Коридор 8, од Куманово до граница со Бугарија. Од другата страна исто така процесот добро напредува така што Коридор 8 ќе биде целосно исполнет. Во напредна фаза сме и на Кородорот 10, кој е дел од договорот со Обединетото Кралство и ќе има убави вести и моменти во периодот што следи, рече Мицкоски.

Владата на седница на 26. месецов донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ. Со ова, информираа од Владата, избраниот консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. Дополнително, за да се забрзаат активностите, ЈП Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на надзор на изградбата.

Третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница, е во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничен, како и 52 моста. Со тендерот што пропадна, како што објави Владава, вредноста од првично планираните 340 милиони евра била зголемена на 560 милиони евра.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. На состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на Македонија. За заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир, пак, се договориле да формираат работни групи кои ќе финализираат текст на меѓувладиниот договор со цел да се утврдат конкретните обврски на двете страни за техничките, финансиските, градежните и оперативните аспекти.

Бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура, пак, минатиот месец објави тендер за проектирање и изградба нова железничка траса од Ѓуешево до границата со Македонија во должина од 2,4 километри, единствената делница што недостасува од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија, како и за модернизација на 17 – километарската делница од Перник до Радомир. Бугарското Министерство за транспорт тогаш соопшти дека со објавувањето на тендерите Бугарија ги исполнува своите обврски за целосна изградба на железничка врска меѓу двете земји.

Првата делница од пругата кон Бугарија беше пуштена во јануари годинава, а на втората се завршени 30 проценти од градежните работи и веќе е надминат конструкторскиот проблем со столбовите изградени пред 30-ина години на мостовите во близина на Кратово.

Најнови вести од: Македонија

Стојков: Грција и Бугарија немаат правна основа за примопредавање на моштите на македонскиот цар Самуил, тоа ќе се користи заради пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата, којаја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top