Македонија

Нема милост за тие што ќе се обидат да ја загрозат безбедноста, порачува Јанев

Брза и одлучна реакција

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска оствари работни посети со раководствата на СВР Охрид и ОВР Кичево.
Целта на посетите е унапредување на сигурноста и заштитата на граѓаните а полициската да остане цврст и доверлив партнер во битката со сите видови на прекршувања и криминал.

„Разговаравме за сите аспекти од секојдневното полициско постапување, со осврт на борбата против криминалните појави на ова подрачје. Фокусот беше и на модернизацијата на работата преку дигитални алатки, кои ја прават полициската работа поефикасна, потранспарентна и поблиска до граѓаните. Зајакнувањето на интегритетот на полициските службеници и службената координација се неопходни за да ја одржиме довербата и сигурноста што граѓаните ја очекуваат. Една од клучните теми беше подготовката и превентивните активности за локалните избори 2025 година. Нашата должност е јасна полицијата е еден од гарантите на мирен, безбеден и демократски изборен процес. Нема да се дозволи ниту еден обид за нарушување на јавниот ред, насилство или незаконитост во предизборието, на денот на изборите и во постизборниот период.“, издвои директорот Јанев.

Директорот Јанев уште еднаш потенцираше дека пораката која полицијата ја праќа е интегритет, превенција и решителност и секој кој ќе се обиде да ја загрози безбедноста на демократскиот граѓански процес ќе се соочи со брза и одлучна реакција.

direktorot-janev-vo-poseta-na-svr-oxrid-i-ovr-kicevo-sekoj-koj-kje-se-obide-da-ja-zagrozi-bezbednosta-na-demokratskiot-gragjanski-proces-kje-se-sooci-so-brza-i-odlucna-reakcija-image-36ZO.jpg
direktorot-janev-vo-poseta-na-svr-oxrid-i-ovr-kicevo-sekoj-koj-kje-se-obide-da-ja-zagrozi-bezbednosta-na-demokratskiot-gragjanski-proces-kje-se-sooci-so-brza-i-odlucna-reakcija-image-3Iau.jpg
direktorot-janev-vo-poseta-na-svr-oxrid-i-ovr-kicevo-sekoj-koj-kje-se-obide-da-ja-zagrozi-bezbednosta-na-demokratskiot-gragjanski-proces-kje-se-sooci-so-brza-i-odlucna-reakcija-image-jm55.jpg
direktorot-janev-vo-poseta-na-svr-oxrid-i-ovr-kicevo-sekoj-koj-kje-se-obide-da-ja-zagrozi-bezbednosta-na-demokratskiot-gragjanski-proces-kje-se-sooci-so-brza-i-odlucna-reakcija-image-LtSy.jpg

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top