Хроника

Излетале од автопат кај Скопје и завршиле во двор на семејна куќа

Двајца тешко повредени од сообраќајната несреќа по полноќ во атарот на Трубарево

Двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа во скопско еден час по полноќ.

„Денеска (31.10.2026)  во 01:10 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г. (39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top