Македонија Бизнис

Од Скопје ќе се лета кон уште еден европски град на море

Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе добие нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар – објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на својот официјален профил на Фејсбук. „На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата […]

Од 31 октомври 2025 година, Скопје ќе добие нова директна авиолинија до Ларнака, Кипар – објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на својот официјален профил на Фејсбук.

  • „На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Николоски.

Тој додаде дека субвенциите и владините политики за развој на нови воздушни линии веќе даваат резултати и најави продолжување на напорите за унапредување на авиосообраќајот во земјата.

Официјалната потврда доаѓа откако министерот за транспорт, Александар Николоски, вчера на свеченоста по повод 15-годишнината на ТАВ Македонија најави дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација од скопскиот аеродром – но без да ја открие дестинацијата. Сега е јасно: станува збор за Ларнака.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top