Бизнис Свет

Кој има долари нема му ја мисли

Вредноста на американскиот долар доживеа опаѓање откако агенцијата Мудис (Moody’s) го снижи кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради огромниот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните кратења на даноците. Доларот минатата седмица забележа пад од 1,9 проценти во однос на шесте најзначајни светски валути. Вредноста на еврото во однос […]

Вредноста на американскиот долар доживеа опаѓање откако агенцијата Мудис (Moody’s) го снижи кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради огромниот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните кратења на даноците. Доларот минатата седмица забележа пад од 1,9 проценти во однос на шесте најзначајни светски валути.

Вредноста на еврото во однос на доларот е зголемена за 1,7 проценти, односно едно евро се разменува за 1,1360 долари. Американската валута забележа намалување на вредноста во однос на јенот за 2,1 отсто – еден долар се разменува за 142,55 јени.

Јавниот долг на САД изнесува приближно 36,2 трилиони долари и би можел да се зголеми за дополнителни 3,8 трилиони долари во следните десет години, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп планира да ги намали даноците. Поради ова, приносите од американските државни обврзници значително се зголемија, што значи дека Владата мора да позајмува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил, ако не се намалат владините трошоци.

Притисокот врз доларот се засили пред два дена, кога Трамп повторно и се закани на Европска Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ. “Притисокот врз доларот се засили пред два дена, кога Трамп повторно и се закани на Европска Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.”

Најнови вести од: Бизнис Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

To top