Свет

Најмалку 800 загинати во катастрофалниот земјотрес во Авганистан

Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините. Ни треба помош тука

Најмалку 800 луѓе загинале во четири провинции во Авганистан по земјотресот со јачина од 6,0 степени, јавува Би-Би-Си, повикуваќи се на извештај од Хуманитарната агенција на Обединетие Нации.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања вели дека се проценува дека најмалку 2.000 луѓе се повредени, многу од нив во оддалечени и планински области кои се отсечени од пристапот до спасувачките екипи.

Се верува дека најмалку 12.000 луѓе се директно погодени од земјотресот, вклучително и од оштетените згради или инфраструктура, соопшти организацијата.

Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.

Жител на авганистанскиот округ Нургал, една од најтешко погодените области во Кунар, за Асошиејтед Прес изјавил дека речиси целото село се урнало под силата на земјотресот.

– Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините Ни треба помош тука. Ни треба луѓе да дојдат тука и да ни се придружат. Да ги извлечеме луѓето што се затрупани. Нема никој што може да дојде и да ги извади мртвите тела од под урнатините.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

Најнови вести

To top