Македонија

Одбиен предлогот за спојување на постапките во случајот „Адитив“

Злоупотребите со адитиви за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба.

Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки.

Првиот предмет опфаќа над 30 физички и правни лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Вториот предмет во кој е и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, е оформен како продолжение на истрагата, со обвинителен акт против едно лице (Б.Н.) и обвинителен предлог против Димитриевска и уште двајца (Б.П.М. и М.С.) за кривично дело „оддавање службена тајна“.

Одлучувајќи по денешниот предлог на обвинителството за спојување на постапките, Судот оцени дека предметите се различно оформени, со различен број обвинети и степен на подготвеност, што не дозволува нивно спојување без да се наруши економичноста и правата на обвинетите.

-Не постојат услови за спојување на постапката, токму поради тоа обвинетите за кои е поднесен обвинителен предлог да не бидат изложени на долготрајно судење, рече судијката Лидија Петровска.

Обвинителството, пак, го бранеше предлогот за спојување со аргумент дека постои меѓусебна врска меѓу кривичните дела и заеднички докази, но, судот остана на ставот дека раздвоените постапки се поцелисходни.

Судењето за предметот „Адитив“ во кое се опфатени над 30 физички и правни лица за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува на 15 септември. Додека, за вториот предмет ќе биде дополнително утврдено.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top