Македонија

Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби, порача Ковачки

Пријавено до обвинителството, но без реакција од таму

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на објавите за сериозни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност во време на претходното раководство.

Ковачки изрази разочарување што, како што вели, за овие злоупотреби молчат претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор, јавниот обвинител, народниот правобранител, како и невладиниот сектор и здруженијата за човекови права. Според него, тоа уште еднаш покажува „кој ги влече конците во позадина“, иако станува збор за тешки прекршувања на Уставот и законите, како и на меѓународните конвенции.

Мора да имаме искрен и сериозен процес на прочистување од старите практики кои се користеле за оцрнување на опозицијата, за лично богатење и за партиски интереси. Одговорните лица мора конечно да бидат изнесени пред лицето на правдата – и извршителите, но и нарачателите,“ порача Ковачки.

Тој обвини дека „остатоци од југословенските структури и нивни наследници“ сѐ уште попречуваат во извршувањето на должностите и повика службите да станат институции кои ќе ја штитат државата и граѓаните, наместо да се користат за политички притисоци.

„Овие тешки злоупотреби се правени во период кога Македонија веќе беше членка на НАТО, а во исто време во Алијансата се брифирало дека лидер на опозицијата крои заговори,“ додаде пратеникот, посочувајќи дека ваквите постапки нанеле голема штета на угледот на државата.

Ковачки обвини дека обвинителството „спиело и тогаш и сега“, а прашањето дали ќе има извинување за штетата нанесена на угледот и достоинството на поединци и институции останува.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top