Регион

Над 700 училишта во Грција затворени поради недостиг од ученици

Поради неуспехот да се достигне минимумот од 15 ученици, затворени 721 училиште кај јужниот сосед на Мњкедонија

Повеќе од 700 училишта се затворени во Грција поради продолжената демографска криза.

Грција има една од најниските стапки на фертилитет во Европската унија – околу 1,3 раѓања по жена, што е далеку под нивото на простата репродукција/од 2,1.

Населението брзо старее, додека младите луѓе ја напуштаат земјата во голем број.

Во учебната 2025–2026 година, 721 училиште ќе бидат затворени откако не успеале да го достигнат минималниот праг од 15 ученици потребен за да останат отворени.

Најнови вести од: Регион

Русија ја поздравува победата на Румен Радев

Тој не ја маскира својата проруска ориентација, која ја демонстрираше како шеф на државата. Поранешниот претседател покажа афинитет кон Москва за историски, економски и воени прашања во своите јавни изјави за време на изборната кампања

Британски „Фајненшел Тајмс“: Румен Радев е „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин во Европа“, кој може да „формира и промосковски ориентирана влада“!

„Пријателски настроениот кон Русија поранешен претседател Румен Радев се предвидува да победи на парламентарните избори на 19 април 2026 година во трката за премиер. Тој се повлече од претседателската функција во јануари, за да се кандидира за помоќната премиерска функција. Левичарската партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев е на врвот на анкетите за јавното мислење пред осмите предвремени избори во земјата за пет години. Победата на Радев би можела да ја приближи Бугарија – југоисточната членка на ЕУ и НАТО до Москва.“ – објави вчера угледниот британски весник „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа со наслов „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин е во водство на бугарските избори“.

To top