Македонија Хроника

Почина Гоце Стефковски – Крапе

Денес, по кратко боледување, на 70-годишна возраст, згасна едно големо македонско срце. Гоце Стефковски – Крапе, еден од тројцата основачи и прв претседател на Илинденскиот марш 1978 од Горно Лисиче до Крушево, човекот што даде насока, патоказ и душа на Илинденската епопеја, го заврши својот земен пат, но неговото дело останува врежано во меморијата на […]

Денес, по кратко боледување, на 70-годишна возраст, згасна едно големо македонско срце. Гоце Стефковски – Крапе, еден од тројцата основачи и прв претседател на Илинденскиот марш 1978 од Горно Лисиче до Крушево, човекот што даде насока, патоказ и душа на Илинденската епопеја, го заврши својот земен пат, но неговото дело останува врежано во меморијата на генерациите.

Патриот, визионер, борец за обединета Македонија во обединета Европа, Гоце не само што ја започна традицијата на маршот, туку и ги водеше илјадниците млади и стари по патеките на Илинден, потсетувајќи ги дека слободата и државноста не се даденост, туку завет што се чува со срце и дело.

Дванаесет години претседаваше со црковниот одбор при црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде беше столб и потпора на заедницата. Поранешен член на Централниот комитет на ВМРО, политички прогонуван, но никогаш покорен, Гоце остави зад себе пример, вера и следбеници.

Неговото дело не завршува денес. Тоа ќе продолжи со секој чекор на Илинденскиот марш, со секоја молитва во црквата што ја љубеше, и со секој млад човек што ќе го носи Илинден во срцето.

Погребот ќе се одржи утре, 27 мај, на гробиштата во Горно Лисиче во 13 часот.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top