Спорт

Македонија си поигра со Лихтенштајн и се врати на врвот од групата за СП

Мајсториите крунисани со голови на Елмас, Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски го обележаа триумфот од 4:0 над аутсајдерот

Лесна и уверлива победа на фудбалската репрезентација на Македонија над Лихтенштајн од 5:0 во Скопје за враќање на врвот од табелата во квалификациската група за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Пред 6.000 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ серијата мајсторски потези и голови ја отвори Елиф Елмас со слалом низ гостинската одбрана крунисан со погодок во 15. минута, а ја продолжи капитенот Енис Барди со прецизен волеј во 52. минута.

Четири минути подоцна погоди Дарко Чурлинов, по него Лирим Ќамили во 82. минута, а точка на голеадата стави Лука Станковски во последната.

За Елмас ова е 14. гол во националниот тим, Барди со 19. погодок се зацврсти на третото место меѓу најдобрите стрелци во историјата на македонската селекција, Чурлинов стигна до петтиот гол за „црвено-жолтите“, Ќамили до вториот, а Станковски до својот првенец.

Македонија е прва во групата со 11 бода од пет одиграни натпревари, еден повеќе од Велс, трета со 7 бода од три меча е Белгија пред вечерашниот дуел со Казахстан, кој има 3 бода од четири средби и на дното е Лихтенштајн без бодови.

Во продолжението од квалификациите на 10 октомври избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе му гостуваат на топ-фаворитот Белгија, а три дена подоцна ќе го пречекаат Казахстан.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top