Хроника

Двајца браќа од Македонија задржани на аеродром во Германија, работеле на црно

Браќата задоцниле на летот Меминген – Скопје, по што полицијата открила дека работеле нелегално како бришачи на прозорци

Задоцнувањето за авионски лет за Македонија ги чинеше двајца браќа од Македонија пријава од аеродромската полиција за работа на црно во Германија, утврдено со нивна дополнителна проверка.

Пограничната полиција на аеродромот во Меминген утврдила дека браќата на возраст од 23 и 27 години престојувале 72 дена во Германија, а од нивното испрашување открила дека работеле како чистачи на прозорци без потребната дозвола.

Полицијата ги пријавила обајцата за незаконски престој, им наплатила безбедносен депозит од неколку илјади евра и ги пуштила.

Тие мора да ја напуштат Германија во наредните неколку дена.

Најнови вести од: Хроника

To top