Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да работи за СДСМ

Ако некој треба да се плаши тоа се организаторите на сето тоа и одговорните. А се што има во тие материјали во текот на постапката ќе биде декласифицирано и објавено во јавноста

Ако некој треба да се плаши тоа се организаторите на сето тоа и одговорните. А се што има во тие материјали во текот на постапката ќе биде декласифицирано и објавено во јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Го повикуваме обвинителството да престане да работи за СДС и да одговори на СДС и да не ги штити оставајки простор да држат вакви невистинити и непромислени прес- конференции.

Исто така го повикуваме да одговори зошто после 1 година и кусур нема ниту еден предмет оформено за најкриминалната влада во историјата на државава, владата на СДС и ДУИ, по сите индиции и докази од институциите и по допрен глас, и до кога планира да ги штити и да биде дел од нивното злосторничко здружување?

Овие прес-конференции на СДС кои наликуваат на преплашени зајци зошто се фатени живи, па не знаат што да прават и напаѓаат претајки со се што можат да претаат, и ги проектираат своите стравови кон друг се феномен за психијатриска анализа, стои во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

To top