Македонија Бизнис

Славески на чекор до Гуверенер, седницата за негов избор закажана за 28 мај

Собранието на Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, а за наследник на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески. Славески, кој доаѓа од Економскиот факултет, е предложен од […]

Собранието на Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, а за наследник на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески. Славески, кој доаѓа од Економскиот факултет, е предложен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Доколку биде избран, ќе има мандат од седум години.

Од Кабинетот на претседателката велат дека изборот бил тежок и направен врз основа на стручноста, компетентноста и интегритетот на кандидатите.

  • „Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати,“ соопштија од Кабинетот на Сиљановска.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи предлогот на претседателката. Опозициските партии, пак, изјавија дека нема да гласаат „за“, обвинувајќи дека Славески е партиски кадар, а не независен експерт, какви што досега традиционално биле гувернерите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top