Македонија

Зошто СДСМ и Шукова лажеа дека ќе го решат проблемот со Вардариште

СДСМ, Шукова и Заев во 2020 година го лажеа народот дека ќе го решат проблемот со Вардариште, резултатите се нула а ветувањата исти

 

Во 2020 година СДСМ Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште, потсетува во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година на стрaна 228 каде што стои „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’ Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДС и Шукова.

Истата таа програма на СДС го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот.

Каде завршија тие 42 милиони евра?

Зошто СДС, Шукова четири години го влечеа истиот проблем без никаква реализација?

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште “ се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Како Шукова и СДС имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова само од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје?

Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДС многу ветува а ништо не исполнува.

СДС да не го потценува народот, СДС треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, граѓаните знаат кој работи за нивно добро.

ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани“ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

(Фото+Видео): Ужасот над Зелениково, ноќеска од пожар спасени куќи, рече Ангелов

Околу 2 часот по полноќ пожарот над Зелениково веќе не бил далечна црвена линија на ридот. Огнот се приближувал кон последниот ред куќи, а една вознемирена жителка побарала помош од директорот на ДЗС. Во такви минути нема простор за административно префрлање од телефон на телефон – или некој реагира веднаш или растојанието меѓу пламенот и домот станува опасно кратко.

To top