Македонија Бизнис

Добар сигнал за бизнисот: Се намалуваат царините и се либерализира трговијата со САД

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска. Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со […]

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска.

  • Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со што ќе се придонесе и за поголема усогласеност со царинската тарифа на ЕУ и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската трговска организација каде што сме ние членка и мора и тоа да го почитуваме  – рече министерката на седница за пратенички прашања одговорајќи на прашање на пратеникот Дејан Продановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката нагласи дека со измените ќе се овозможат поповолни услови за извозноориентирани компании и се прави постепено хармонизирање со царински стапки што се применуваат во Европската Унија. Измените се направени и усогласени во консултација со Стопанската комора. Се излегува во пресрет на бизнис-секторот зашто целта е да се зголеми конкурентноста на домашни компании кои извезуваат на странски пазари, да се зголеми извозот и девизниот прилив.

Со предлог-законот, меѓу другото, ќе се изврши намалување на царинската стапка и за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија што, рече, е посебно важно и барано од коморите.

  • Увозот што се правел од страна на одредени компании бил со царински стапки од 15 проценти, а ние како држава, особено во услови кога имаме зголемено производство на електрична енергија од фотоволтаични централи, во интерес ни е да имаме што е можно поголем капацитет или инвестирање во батерии коишто ќе ја складираат енергијата. Тоа беше и една од реакциите на сите три комори и тука повторно усогласивме и кажавме нема повеќе 15 проценти плаќање на увозни давачки за литиум јонски батерии кои се користат за енергетски батерии туку одиме со стапка од 2,7 проценти – посочи министерката.

Таа соопшти и дека во рамки на овој закон дополнително се предложени измени за укинување на царинските стапки за стоките со потекло од САД.

  • Целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД ќе доведе до зголемување на конкуренцијата на домашниот пазар, додека пак во меѓународната трговија едностраното намалување на царинските стапки праќа економска порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓународната трговска размена. Иако директната трговска размена со САД не е голема, сепак САД се и стратешки партнери нa нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Македонија е подготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји – рече Димитриска-Кочоска.

Во однос на реакции дека ќе имаме слободен увоз без увозни давачки, таа порача дека во економијата „секогаш мора да имаме предвид кој е партнерот од другата страна“.

  • Апсолутно сметам дека може само повеќе да придонесе и да обезбеди поголема конкуренција во однос на увозот што го правиме од други земји – додаде министерката за финансии.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Премиерот Мицкоски, придружуван од заменик-министерката Трајков, разговараше со Крис Павловски од „Рамбл Клауд“ за перспективите на Македонија

Канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски се смета како човек близок до сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп

Жителите на Љуботен го прашуваат Ахмети: Кога си нѐ посетил последен пат, или што направи ДУИ во селото додека бевте 20 години на власт?!

Непријатни прашања за Али Ахмети и неговата партија ДУИ, додека ја „тераат“ предизборната кампања, фалејќи се што сѐ „направиле“ за Албанците во Македонија

Стара „прикаска“ на Ахмети во ново, предизборно „пакување“: Македонија не постои без Албанците – кој мисли поинаку, нека заборави!

Според која основа и логика првиот „интегрист“ тврди дека „без Албанците не може да има стабилна, одржлива држава со перспектива, што може да ја гради иднината“?

To top