Македонија

(ВИДЕО) За песна за Гоце Делчев се ваделе пиштоли и се одело во затвор

Легендарниот музичар раскажува лични искуства

За пеење песна за Гоце Делчев и за македонски патриотски стихови некогаш се ваделе пиштоли и се одело во затвор.

Во сведоштво на чичко Алексо Тончов (1909 -1987) познат музичар и легенда на градот Велес, кое го пренесува профилот Жива е Македонија тој раскажува за два настани.

Едниот настан е за време на српска окупација а другиот за време на бугарска окупација на Македонија.

По првиот инцидент со македонска музика се пукало од пиштол кон групата се по вториот чичко Алексо бил однесен во затвор.

Емисијата е документирана во 1973 година од страна на Телевизија Скопје/Македонска Телевизија.

Видеото на овој ЛИНК

https://www.facebook.com/watch/?v=1290665062607067

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

To top