Во Скопје на 78-годишна возраст почина доајенот Мојсо Мојсовски, новинар и уредник кој најголемиот дел од работниот век го помина во Македонското радио.
Роден е на 8 септември 1948 година во Скопје. Беше уредник на дескот и ангажманот како уредник и водител на Пладневниот радиовесник, една од познатите информативни емисии во радиото. Професионалниот пат го однесе и во македонската редакција на „Дојче веле“, каде што исто така го вложи своето новинарско знаење и искуство.
Колегите ќе го паметат како искусен ментор, кој на помладите генерации им ги пренесуваше професионалните вредности, одговорноста и посветеноста на новинарската работа.
На Скопје му посвети неколку изданија на својата книга, во кои преку спомени и лични записи ги зачувуваше приказните за неговите улици, некогашниот изглед и градскиот дух, долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари.
Иако е роден во Скопје на 8 септември 1948 година, Мојсо Мојсовски потекнува од Битуше и важеше за еден од најпознатите битушани и хроничари на традицијата. Во текот на својот живот беше активно поврзан со родното место на своите предци и со зачувувањето на локалните обичаи и приказни
Мојсовски ќе биде погребан во Скопје на 1 декември од 11 часот.