Македонија Бизнис

Оние кои се обучуваат ќе примаат 12.000 денари пред да се вработат

Во рамки на мерката Обуки, која е дел од Оперативниот план за вработување за 2025 година, ќе бидат опфатени над 2.000 лица. Ова не се само обуки – ова се шанси. Шанси за секој кој сè уште ја чека својата прва работа, шанси за жените кои со години беа оставени надвор од системот, за младите […]

Во рамки на мерката Обуки, која е дел од Оперативниот план за вработување за 2025 година, ќе бидат опфатени над 2.000 лица.

  • Ова не се само обуки – ова се шанси. Шанси за секој кој сè уште ја чека својата прва работа, шанси за жените кои со години беа оставени надвор од системот, за младите кои бараат нов почеток и за сите кои сакаат да станат дел од нова зелена, дигитална и општествено одговорна економија – рече Марија Митева, портпарол на Владата, на денешната прес конференција.

Првата обука е наменета за невработени лица кои што се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. И овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.

Обуки за напредни и основни вештини се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќаат 720 лица.

  • Јас лично би сакала да ги истакнам обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, коишто се преку лиценцирани програми. Ќе можете од документот да видите за кои обуки, колку актуелни обуки коишто се навистина побарувани во овој период од страна на многу млади, на многу граѓани се вклучени во оваа мерка, колку се навистина истите овие и финансиски оптеретувања за младите. Сега ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд – рече Митева.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

To top