Македонија Бизнис

Брза пруга од две милијарди, „Чебрен“ и „Галиште“ за 1,3 милијарда евра – старт на инвестициски циклус

Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е најголема економска рамка од 6 милијарди со која ќе започне инвестициски циклус во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за […]

Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

  • Ова е најголема економска рамка од 6 милијарди со која ќе започне инвестициски циклус во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште. Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект кој ќе се реализира со инвестиција од 1,3 милијарди.

  • Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10. Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово, се додава во соопштението.

  • Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла. Ќе започнат и нови проекти од енергетиката, транспортот, медицината, здравството и дигитализацијата. Сето ова подразбира отворање на нови работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

To top