Македонија

Таравари: ВРЕДИ не даваше да се вреботат медицински сестри

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше по вчерашниот протест на медицинските сестри во Клиничката болница во Тетово, кои со месеци биле оставени без плати. „Причините зошто ја напуштив оваа Влада стануваат сè појасни“, напиша Таравари во статус на социјалните мрежи. „Болен случај е оној со медицинските сестри во болницата во Тетово, кои се […]

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше по вчерашниот протест на медицинските сестри во Клиничката болница во Тетово, кои со месеци биле оставени без плати.

„Причините зошто ја напуштив оваа Влада стануваат сè појасни“, напиша Таравари во статус на социјалните мрежи.

„Болен случај е оној со медицинските сестри во болницата во Тетово, кои се без ршение (заработа) и без плата“, нагласи првиот човек на АА.

Тој објаснува дека, за време на неговото време како министер за здравство, побарал нивно вработување, но неговите поранешни партнери од ВРЕДИ се спротивставиле на тоа, бидејќи, според него, тие имале за цел да вработат партиски кадри.

„Упорно барав нивно вработување, но ВРЕДИ се спротивстави на тоа, бидејќи сакаа партиски вработувања!“, пишува Таравари.

Најнови вести од: Македонија

По повод Светскиот ден на уметноста Општина Пустец со почит се сеќава на уметниците кои ја негувале македонската култура

Годинешното мото „Негување на заедницата преку уметноста“, нè потсетува дека уметноста не е само творење, туку мост што ги поврзува луѓето, генерациите и нашиот заеднички македонски идентитет

Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ

Јанчев: Кавадарци има отворени проекти од 19 милиони евра, презентирана веб-платформа со активности од сите сектори

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро, садење на дрвја и цвеќиња, асфалтирање на улици, се дел од проектите што се реализираат, во рамките на повеќе сектори

Шокантни видеа на судењето: Стојанче Јовановски ја снимал Ивана како плаче и го моли да не ја удира

Следното рочиште е закажано за петок, кога исказ ќе даде и обвинетиот Стојанче Јовановски. Тој се изјасни за виновен за тепање и загрозување на сигурноста, но не и за поттикнување на самоубиство. Каење за трагедијата досега јавно не изразил.

Директорот на МРТВ Цветкоски бара смена на Гаши, главната уредничка на МРТВ2, поради емитувањето на скандалозниот прилог за „Голема Албанија“’ во програма

Директорот на Македонска радиотелевизија Марјан Цветковски бара разрешување на главната уредничка на МРТВ 2 Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на „Голема Албанија“.

Посмртно одликуван д-р Анастас Коцарев за исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија

На свечена церемонија во Скопје претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска – Давкова посмртно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Од името на семејството и на Здружението на заборавени Македонци Соња Коцарева-Трпезановска нагласи дека признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот Пантеон на вечноста.

To top