Македонија

ЗНАМ: СДС нуди лажен патриотизам и евтини трикови

СДСМ кога беше на власт ги газеше националните интереси и го распродаваше македонскиот идентитет. Денес, во очај, нудат лажен патриотизам и евтини трикови

??????????????????????

На големата конвенција на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, претседателот Максим Димитриевски упати директни пораки до политичките противници, јасно одвојувајќи ја својата визија за чесна, одговорна и државотворна политика од празните декларации и евтини трикови на СДСМ и нивните сојузници.

Тој нагласи дека во ситуација кога земјата се соочува со сериозни предизвици, граѓаните заслужуваат вистински патриотизам и дела, а не формални резолуции кои немаат никаква практична вредност.

Со конкретен осврт на досегашното делување на СДСМ, Димитриевски ја оцени нивната политичка стратегија како штетна за државата и македонските национални интереси:

– Нема резолуција што ќе ја избрише вистината – СДСМ кога беше на власт ги газеше националните интереси и го распродаваше македонскиот идентитет. Денес, во очај, нудат лажен патриотизам и евтини трикови. Народот нема да заборави дека токму тие ги отворија вратите за уставни измени без гаранции и молчеа кога Македонија ја понижуваа – рече Димитриевски.

Поединците кои учествувале во штетни политики мора да сносат одговорност, порача лидерот, истакнувајќи дека минатото не смее да се повтори.

Во контекст на ова, Димитриевски упати директна порака до Венко Филипче:

– Злосторникот повторно се враќа на местото на злосторот – нагласувајќи дека оние кои со своите постапки нанесле штета на државата и граѓаните мора да бидат повикани на одговорност – политичка, но и правна.

Тој што го креирал проблемот, не може да биде дел од решението на истиот.

Димитриевски не штедеше зборови и за Али Ахмети, реагирајќи на неговите неодамнешни изјави кои, според него, претставуваат обид за нарушување на територијалниот интегритет на Македонија.

– Ако Али Ахмети навистина сака — нека си оди од државата. Но прво да ги врати криминалците под негова заштита и нека ги стави на обвинителна клупа – рече Максим.

Дополнително, Димитриевски нагласи дека секоја намера за поделба на државата е апсолутно недозволива и нема да се толерира:

– Сè додека има Македонци, нема да дозволиме нашата држава да се подели. Македонија е неприкосновена и секоја обид за нејзино раздвојување ќе се спречи.

Лидерот потсети на принципите и долгорочната стратегија на Движењето ЗНАМ, нагласувајќи дека Платформата за национално единство и црвените линии, која партијата ја претстави пред една година, јасно ја штити македонската држава, јазик и идентитет:

– За разлика од СДСМ, кои ја користат државата како пазар за ситни поени, ние цврсто кажавме – Македонија е неприкосновена, македонскиот јазик е неприкосновен, нашиот идентитет е неприкосновен.

Во пресрет на локалните избори, Димитриевски го истакна континуитетот на својот личен ангажман и конкретните резултати кои ги постигнал во Куманово, што според него е најдобар пример како чесната и стратешки планирана политика може да го подобри животот на граѓаните:

– Куманово се претвори во симбол на развој и континуитет. Овој пример покажува дека стратешки планирана и посветена политика може да го подобри животот на граѓаните.

На крајот, Димитриевски ја потврди долгорочната визија на Движењето ЗНАМ, која ја поставува партијата како државотворна и одговорна сила, посветена на националните интереси:

– ЗНАМ не е минлива појава, туку државотворна сила која ќе ги брани независноста, идентитетот и националните интереси на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top